top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Неизвесен е дуелот Англија – Исланд?

ФУДБАЛ – ЛИГА НА НАЦИИТЕ

Натпреварот на Англија во фудбалската Лига на нациите со Исланд е под сомнеж поради новата забрана за патување поради пандемијата на коронавирусот на Владата на Велика Британија за посетители што не се од Велика Британија, а доаѓаат од Данска, пишува „Би-би-си“. Исланд треба да игра против Данска во Копенхаген три дена пред да се соочи со Англија на „Вембли“ на 18 ноември. Фудбалскиот сојуз на Англија чека појаснување од Владата. Најновите правила, кои стапија во сила во саботата, ќе бидат прегледани по една недела, соопшти Одделот за транспорт. Во протоколите за коронавирусот на Европската фудбалска унија (УЕФА) се вели дека меѓународните натпревари овозможуваат поместување на мечевите на датум определен од УЕФА или, доколку е потребно, да се игра на неутрален терен.

„Би-би-си“ објави дека презакажувањето не било опција. Според новите правила, граѓаните на Велика Британија и носителите на визи можат да се вратат од Данска, но ќе мора да се изолираат заедно со сите членови на нивното домаќинство 14 дена. Правилата на Светската фудбалска федерација (ФИФА), издадени на почетокот на пандемијата, им дозволуваат на клубовите да ги повлекуваат играчите од меѓународната должност доколку постои ризик од инфекција со коронавирусот, пишува „Би-би-си“.

1 view
bottom of page