top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Научна студија за утврдување кога се играл подобар шах

Тим од научници од Германија, Холандија и од САД го проучувале развојот на когнитивните способности кај луѓето и ги проценувале со помош на шаховските партии. Резултат бил следен, когнитивните вештини се зголемуваат до одредена возраст и денешните шахисти играат подобро шах од претходните генерации, пишува познатата шаховската интернет-страница „Чес-бејс“. Овој тим научници го истражувале развојот на интелигенцијата врз база на процена на резултатите од вкупно 24.000 шаховски партии одиграни помеѓу 1890 и 2014 година, со вкупно 1,6 милион потези. Научниците сакале да дознаат дали и како се развивале когнитивните способности во текот на животот на тие шахисти и како вештините на играчите од претходните генерации се споредуваат со вештините на денешните. Со помош на компјутерите, научниците го оцениле и го споредиле квалитетот на потезите и барале обрасци за развој. Притоа, научниците дошле до следниве заклучоци: прво, човечките когнитивни способности зависат од возраста, прво продолжуваат да се зголемуваат, но по одредена возраст тие стагнираат и второ, луѓето денес имаат подобри шаховски резултати отколку луѓето на иста возраст во претходните генерации. Нивото на игра постојано се зголемувало во текот на истражуваниот период од речиси 125 години, пишува „Чес-бејс“.

Резултатите неодамна беа објавени во „Зборник на трудови на Националната академија на науките на САД“. Сепак, професорот Сунде, еден од научниците што ја спроведоа студијата, посочи на слабост на студијата, а тоа е дека многу врвни играчи престануваат да играат турнирски шах на возраст од околу 50 години. Друга спорна слабост на студијата е фактот дека можноста да се игра добар шах е многу посебен талент. Добрите шаховски вештини не се нужно преносливи на когнитивните перформанси во други области. Покрај тоа, кон крајот на 19 век и во почетокот на 20 век шаховската теорија не била многу развиена, а компјутерите драматично го зголемиле знаењето за шах и го подобриле нивото на игра во последните 30 години, пишува „Чес-бејс“.

2 views
bottom of page