top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Наскоро на аукција: Пејзажот на Хокни проценет на 35 милиони долари?!

Пејзажот на Дејвид Хокни наречен „Кањонот на Николс“ наскоро ќе се најде во продажба, а се проценува дека сликарот би можел да добие неверојатни 35 милиони долари за ова дело. Ако сликата на Хокни се продаде по проценетата цена, тоа ќе биде меѓу неговите три највредни дела кои се ставени на аукција.

„Кањонот на Николс“ од 1980 беше изложен во галеријата на куќата Филипс во Лондон до 1 ноември, а потоа беше пренесен во Хонг Конг и Њујорк, каде ќе се најде на аукција на 7 декември годинава. Хокни го опиша процесот на сликање на делото, велејќи дека закривените линии, кривулести, што го сочинуваат „Кањонот на Николс“ влегле во неговиот живот и дека тој всушност ги почувствувал секоја од нив. Ова е едно од последните дела на Хокни на аукција.

Англискиот сликар во февруари годинава го продаде и своето дело „The Splash“ од 1966 година за 29,8 милиони долари. Сепак, неговата слика на човек што стои покрај базенот сè уште го држи рекордот, а пред две години беше продаден на аукција во Њујорк за повеќе од 90 милиони долари.

2 views
bottom of page