top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

КФМ го одложи 4. коло во домашната кошарка

Македонската кошаркарска федерација одлучи да го одложи четвртото коло во првата македонска лига.

Истото требаше да се игра на 11 ноември, но со оглед на тоа што МЗТ Скопје и Работнички имаат обврски во АБА2 лигата во првиот „балон“ што се игра во Златибор, потоа Куманово и ТФТ играат во БИБЛ лигата, федерацијата донесе одлука да го презакаже колото за 14 ноември.

Од федерацјата исто информираа оти останатите првенствени кола ќе се преместат.

1 view
bottom of page