Кајли Миног објавува нов албум инспириран од диско-звуците
Кајли Миног е во вечно движење.
Поп-sвездата ги менуваше својот имиџ и звукот десетици пати во последните четири децении.
Уште од нејзиното прво појавување во австралиската ТВ-сапуница The Sullivans на 10-годишна возраст, таа еволуира од актерка во поп-sвезда до модна икона, автор на книги за деца, судија во талент-шоу, па дури и успешен дизајнер на мебел.
Нејзината кариера ја дефинира љубопитен немир. Дури и во музиката, областа каде што е најпозната, ѕвездата има балансирани мегапоп-хитови, како Better The Devil You Know и Can’t Get You Out of My Head и неколку експериментални песни.
Новиот албум на Кајли, инспириран од диско-звуците, ќе биде објавен неделава. Нејзиниот 15-ти студиски албум носи наслов Disco.
Говорејќи од својот дом во Лондон, два дена пред објавувањето на новиот албум Кајли зборува и за напуштената кариера како флејтист и за тоа која Кајли-ера ѝ е омилена.
„Претпоставувам дека епохата што навистина се чинеше дека е галактичка на свој начин беше таканареченена фивер-ера Can’t Get You Out Of My Head, Love At First Sight“.
„Тоа беше еден од оние моменти кога планетите се здружуваат и сè функционира добро – песните, сликите, моментот. Затоа, ова би го нарекла мој омилен период“.