К-поп бендот БТС доминира на Европските музички награди
Јужнокорејскиот бој-бенд БТС освои четири награди „Ем-ти-ви Јуроп“ (MTV Europe Music Awards) во неделата, вклучително и најдобра песна за „Динамит“ и за најдобра група, завршувајќи ја годината во која корејската поп-сензацијата го истакна својот статус во глобални рамки.
Нивната прва песна на англиски јазик, „Динамит“, во Америка забележа приближно 34 милиони стриминзи и 300.000 продажби во првата недела, со што БТС стана првиот јужнокорејски бенд што дебитира на бр. 1 на табелата на американски синглови „Билборд хот 100“.
Седумчлениот бенд ги освои и наградите на МТВ за најдобар виртуелен настап во живо и за најголем број фанови иако пандемијата на коронавирусот направи да нема публика и да нема традиционална церемонија за одбележување на нивното достигнување.