top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Добри вести: Пандев, Елмас и Алиоски се приклучија на репрезентацијата (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација денеска го има првиот собир пред историскиот натпревар со Грузија за место на Европското првенство.

Националниот тим полека почна да се комплетира во Скопје, а одлична вест е тоа што пристигнаа капитенот Горан Пандев, Елис Елмас и Џани Алиоски. За дуото од Италија изминативе денови излегоа некои информации, вести дека можат да имат одредени проблеми и да не бидат достапни поради целата оваа ситуација со КОВИД-19, меѓутоа се е во ред со нив и тие веќе се во базата во Скопје.

1 view
bottom of page