Search
Џош Хартнет објасни зошто не сакал да биде Супермен и Бетмен
Џош Хартнет ја отфрли шансата да го игра Супермен и човекот лилјак Бетмен.
42-годишниот актер имаше можност да ги игра двата култни суперхерои претходно во својата кариера, но тој стравувал дека ќе биде нечија марионета доколку прифати некоја од стрип-улогите.
„На таа возраст е многу лесно да станете нечија алатка или нечија марионета“, рече Хартнет во интервју за „Метро“.
Хартнет е најпознат по филмот „Перл Харбор“ со Бен Афлек и Вилијам Ли Скот.
Во најновиот филм, Target Number One, тој го глуми канадскиот новинар од реалниот живот Виктор Маларек, кој се обидувал да ослободи ситен дилер неправедно осуден на 100 години затвор во Тајланд.