top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милчо Манчевски – најдобар режисер на Рејнденс во Лондон

Милчо Манчевски ја освои престижната награда за најдобар режисер на фестивалот Рејнденс во Лондон, најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија и еден од најголемите во светот, каде неговиот филм „Врба“ ја имаше британската премиера.

Жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ги додели престижните награди во осум категории, а „Врба“ имаше номинации за најдобар филм и за најдобар режисер, соопштија од продуцентската куќа „Банана филм“.

На денешната церемонија што се одвиваше онлајн, Манчевски им ја посвети оваа награда на двете британски продуцентски легенди, Сајмон Пери, кој беше најзаслужен за да се случи неговиот прв филм „Пред дождот“, и на покојниот Ник Пауел, кој стои зад „Врба“.

Ова е трет трофеј што „Врба“ го освои во рок од две недели, откако минатата недела шпанската и американската премиера беа крунисани со престижната Сребрена палма во Валенсија во Шпанија и наградата за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во САД.

Британската премиера на „Врба“ на Рејнденс беше на 5 ноември во селекцијата „Женски поглед“.

Поради пандемијата на ковид-19, 28. „Рејнденс“ годинава се одржа во хибридна форма, и онлајн и во живо во центарот на Лондон, со над 50 светски и британски премиери. Победата во конкуренцијата за краток филм на Рејнденс исто така носи и квалификација за Оскар и за наградите БАФТА.

5 views
bottom of page