Концерт на обоистката Гордана Јосифовска-Неделковска со пријателите
Во Националната опера и балет вечерва (6 ноември) во 19 часот во рамки на фестивалот “Есенски музички свечености 2020” ќе биде одржан концерт на обоистката Гордана Јосифовска-Неделковска.
Заедно со Јосифовска-Неделковска на сцената ќе настапат и нејзините пријатели музичарите Влатко Стефановски – гитара, Страшо Темков – флејта, Елена Атанасовска–Ивановска – пијано и Инес Неделковска – пијано.
Во рамките на програмата ќе бидат изведени делата на композиторите Пјацола, Веруст и Мориконе како и обработки на македонски народни песни “Си заљубив едно моме“ – арр. Сашо Ливрински, “Јовано Јованке“ – арр. Васко Атанасовски во изведба на Јосифова Неделковска – обоа и Влатко Стефановски – гитара.
Ќе можат да се слушнат и “Џипси сонг“, “Касапско оро“, “Не си го продавај Кољо чифликот“, “Токата“од Николовски во изведба на Инес Неделковска на пијано…