top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кијану Ривс е еден и единствен

Славниот Кијану Ривс приватниот живот го држи подалеку од јавноста, но повторно успеа да ги освои своите обожаватели со едноставноста со која зрачи. Во повеќе наврати е фатен како им помага на бездомници, се вози со јавен превоз и донира.

Тој важи за еден од најприземните филмски ѕвезди, а поголем дел од неговата заработка од најуспешните филмови ги донира за болници и за борба против леукемијата.

Откако неговата сестра Ким се разболи од леукемија, тој стана уште посвесен за оваа болест и борбата против неа.

Факт е дека овој актер никогаш не се вклопувал во стереотипите на Холивуд, па сега ужива во Берлин во друштво на неговата свршеница, ликовната уметница Александра Грант. Пред неколку дена, токму во Берлин, папараците го фотографираа Ривс како сами си ги носи кесите од продавници.

Со години Ривс немаше сериозна врска или за тоа многу малку се знаеше во јавноста. Но, минатата година сето тоа се промени.

Исто како и претходно, безброј пат е фатен како им помага на бездомници и со нив пие пијалак и разговара. На интернет има и снимки како се вози во метро, како станува за повозрасни луѓе да седнат, како да не станува збор за главен актер на акциони филмови кои досега заработија стотици милиони долари.

Но, Кијану Ривс е толку едноставен, еден и единствен, голем актер и голем хуманитарец.

8 views
bottom of page