top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Бруно го искоментира ужасното издание на Јунајтед и го посочи главниот проблем

Легендарни играчи како Пол Сколс и Рио Фердинанд воопшто не се штедеа и беа полни со критики за новото разочарувачко издание кое го имаше Манчестер Јунајтед, кое овојпат беше збогатено со смешен и несфатлив гол поради кој фудбалска Европа им фаќаше сеир на „ѓаволите“.

Поразот од Башакшехир во Истанбул направи Оле Гунар Солскјер да избие на врвот на листата на букмејкерите како тренер кој е најблиску до отказ во Англија, но и покрај ваквите најави, играчите на Јунајтед слепо му веруваат на својот стручњак и се убедени дека можат да излезат на прав пат.

Бруно Фернандеш даде коментар за ужасното издание на тимот во интервјуто за клупската телевизија, во кое нагласи дека грешките мора да им послужат за подобрување во наредните пресметки.

– Се беше погрешно, се што направивме беше погрешно. Интензитет не беше на потребното ниво од самиот старт на мечот и тоа беше главен проблем. После тоа, постигнаа ран гол и за нас беше уште покомплицирано. Пробавме да промениме нешто до крајот, но доцна влеговме во мечот и веќе беше доцна за се. Можеме многу подобро, го знаеме тоа и го чувствуваме тоа. Знаеме дека не смееме да примаме вакви голови, но сега треба да ги погледнеме грешките и да учиме од нив.

– Веруваме во нашиот потенцијал, пред 10 дена ни одеше одлично. Го победивме Њукасл, ПСЖ, Лајпциг, одигравме нерешено против Челси на натпревар на кој требаше да победиме. Брзо се менуваат работите во фудбалот, но ние сме во добра позиција во групата во Лигата на шампионите. Имам верба во овој тим, – нагласи Фернандеш.

3 views
bottom of page