top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Алвеш: Во Јувентус ја имав најлошата година во кариерата

Искусниот бразилски ас, Дани Алвеш во своето обраќање на Радио Каталуња (RAC1) испрати доста критики на адреса на Барселона која според него не се однесувала како што треба и заслужа по се што во минатото направил за клубот.

Воедно во тоа интервју го спомена и Јувентус во кого мина една година, но за Алвес истата била најлоша во неговата кариерата и покрај тоа што малку фалеше во таа сезона „старата дама“ да ја освои тројната круна.

-Сите играчи кои ја напуштаат Барселона жалат за тоа, 100 проценти. Ама или тоа го прифаќате или станувате огорчени цел живот. Годината што ја поминав во Јувентус беше најлошата во мојата кариера затоа што сакав се да биде како во Барселона, ама не беше. Морав повторно да се пронајдам и да ги надминам сите проблеми, -рече Дани и додаде:

-Цел живот ќе останев во Барселона, но покажаа непочитување кон мене затоа што сакаа да ме исфрлат од задната врата. Да се однесваа како што требаше, јас се уште ќе бев во Барселона. Одбив многу пари од Реал Мадрид – сакале или не, голем клуб – за да одам на „Камп Ноу“ и не сакав ме отпуштат. Сакав да си заминам кога јас ќе сакам, но знаев дека тие ме туркаат надвор од клубот, -истакна Бразилeцот.

5 views
bottom of page