„Мали интимни приказни“ – изложба на Љупчо Бојаров во „КО-РА“
Со изложбата насловена „Мали интимни приказни“ академскиот ликовен уметник Љупчо Бојаров ќе се претстви пред скопската публика во вторник (10 ноември) од 19 часот во галеријата „КО-РА“ при Домот на култура „Кочо Рацин“.
На самостојната изложба ќе бидат претставени дела работени во период од 1985 – 2020 година, а изработени во повеќе ликовни техники: цртеж, графика, дрворез, сува игла, барељев во природен камен, објекти од бакар и дрво и теркота.
Бојаров дипломирал на ФЛУ, а од 1984 е член на ДЛУМ. Учесник е на стотина групни изложби ширум Македонија и во поранешна СФРЈ, а љубителите на уметноста имаа можност, освен во Европа, неговите дела да ги видат и во Њујорк, САД и Египет.
Добитник е на повеќе награди на државно и на меѓународно ниво за најдобра графика меѓу кои и: „Св. Климент Охридски“, „Моша Пијаде, ДЛУМ”, „Emerging Artist” за графика на 5. Меѓународно анале, “Diploma of Eceleent”, „Гуте Аврамовски”, „Premio-Acuisto Del’ Aministracione comunale di RHO”, „XXXII Premio internazionale di grafika“…
Изложбата ќе биде отворена до 19 ноември.