Стави маска, или ќе бидеш изеден…- морбиден норвешки хорор на Нетфликс
Првата норвешка продукција на Нетфликс кога станува збор за игран филм доаѓа во форма на хорор филмот „Cadaver“, кој беше најавен на 22 октомври.
Во пост-апокалиптична атмосфера по нуклеарна катастрофа, дејствието на филмот се однесува на тоа колку далеку е подготвен човекот да оди доколку сака да преживее.
Во зората на нуклеарната катастрофа, на улиците на замислениот европски град владее анархија, луѓето носат маски, трупови се распаѓаат на патот, гладот е постојан и луѓето буквално преживуваат, а канибализам е секојдневие…
Норвешкиот хорор „Cadaver“ напишан и режиран од Џаранд Хердал, е донекаде ироничен увид во нашите надежи и стравот од иднината која доаѓа, а во која работите стануваат немилосрдни и се сведуваат на морбиден избор: јади или ќе бидеш изеден.