top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Самостојна онлајн изложба „Преплетувања“ на Славица Јанешлиева

Од денеска 5-ти ноември 2020 со почеток во 12 часот, на www.slavicajaneslieva.mk ќе може да се проследи онлајн изложбата “Преплетувања“ на авторката Славица Јанешлиева.

“Нејзина алатка е линијата, нејзин медиум е графиката и оние сродни на неа, иако и мултимедијалноста воопшто не и е далечна, а елементот на женскоста, или феминистичката перспектива е присутна постојано или во постојаното „дружење“ со традиционалните мантрични занаети на шиење, плетење, кроење, везење… или во повеќеслојното феминистичко толкување на наративите кои ги применува Најновите цртежи, колажи, дигитални фото колажи на Јанешлиева се исто така одблесоци или рефлексии на периодот и моментот кој го живее сега… Финалниот резултат е едно одлично осмислено и реализирано уметничко дело кое е повеќеслојно, повеќезначно, повеќемедијално, но пред сѐ искрено, впечатливо и длабоко… “, вели меѓудругото кон изложбата на Јанешлиева, историчарот на уметноста Ана Франговска.

Изложбата ќе трае до 3 декември.

3 views
bottom of page