Search
Несторовски си оди од Удинезе, ама останува во Италија
Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски не добива доволно шанса во Удинезе во оваа натпреварувачка сезона и покрај тоа што на клубот не му оди најдобро и за тоа говори 19 позиција во Серија А.
Поради ова напаѓачот размислува да си оди од Удинезе со тоа што би останал во Италија и тоа во најсилната конкуренција. Според „Тутомеркато“ тимот на Специја покажува интерес за Иле и ќе проба да дојде до неговиот потпис во јануарскиот преоден рок.
Несторовски од 2019 година е дел од „црно-белите“ и досега има дадено три голови на 34 мечеви.
Претходно пак беше дел од Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Жижков, Словачко и Победа.