top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Лазаров ја предводеше Македонија до убедлив триумф

Македонската ракометна репрезентација убедливо ја совлада Финска со 33-24 вечерва во Скопје, со што успешно ги почна квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

„Црвено-жолтите“ предводени од капитенот Кирил Лазаров остварија предност од шест гола по првото полувреме (16:10), која ја зголемија во вториот дел за рутински триумф.

Лазаров беше најефикасен со 11 постигнати голови, Филип Кузмановски реализираше шест удари, а Жарко Пешевски и Бојан Маџовски постигнаа по четири погодоци.

Вториот дуел од истата група 7 помеѓу Данска и Швајцарија беше одложен. Македонија веќе в сабота гостува во Швајцарија во следниот меч од квалификациите. Пласман на ЕП ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции во квалификацискиот циклус.

2 views
bottom of page