top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кристофер Нолан: „Tенет“ добро котира на светските киноблагајни

Точно два месеца откако неговиот многу очекуван трилер „Тенет“ се појави во киносалите во САД, режисерот Кристофер Нолан се отвора за млаката заработка на филмот во услови на корона-криза.

„Тенет“ има заработено само 53,8 милиони долари на амриканската киноблагајна иако во глобални рамки филмот поминува многу подобро, првично 293,3 милиони долари и моментно 347,1 милиони долари.

И покрај слабиот домашен резултат, Нолан за „Лос Анџелес тајмс“ изјави дека е воодушевен од резултатите на светските киноблагајни среде пандемијата иако додава дека ова е време за адаптација на филмскиот бизнис.

„Секој мора да се приспособи на новата реалност“, рече тој додавајќи дека филмот настапи доминантно на меѓународно ниво.

„Долгорочно, гледањето филм во киносала е дел од животот, како и одењето во ресторани и сè друго. Но, во моментот сите мора да се приспособиме на новата реалност“.

„Ворнер Брос“ даде зелено светло за прикажување на „Тенет“ и јас сум воодушевен што филмот заработи речиси 350 милиони долари, рече тој алудирајќи на светските киноблагајни.

3 views
bottom of page