Зоран Кастратовиќ си замина од Металург
Доста неочекувана вест стигнува од Автокоманда во периодот кога тимскиот ракомет е на пауза поради репрезентативните обврски.
Тренерот на клубот, Зоран Кастратовиќ си поднесе оставка и повеќе нема да го води тимот на Металург.
Кастратовиќ успеа да ги консолидира работите во таборот на некогашниот шампион на Македонија и успеа да го врати Металург на европска сцена, меѓутоа сега поднесе неотповиклива оставка, а како причина за тоа наведе финансиски причини.
Имено, иако Металург се засили со неколку одлични фудбалери, во клубот се уште владее финансиска криза, а Кастратовиќ веќе подолг период немал земено плата.
Ова е втор пат тој да поднесе оставка од позицијата тренер на Металург откако и пред една година го стори истото, но тогаш брзо се премисли па остана на клупата на тимот од Автокоманда.