top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

За 10 години кариера: Концерт на сопранот Ана Митоска

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 6 ноември, од 19 часот ќе се одржи концерт на Ана Митоска – сопран, во придружба на Илија Чакароски, на гитара.

Со концертот сопранот Ана Митоска ќе одбележи 10 години солистичка кариера, а ќе бидат изведени дела на Џ. Дауланд, Х.Перол, Џ. Качини, Б. Строци, Џ. Фрескобалди, А. Вивалди…

„На концертот, во изведба на сопранот во придружба на современа класична гитара, композициите ќе добијат нова димензија, аранжирани и интерпретирани со особено внимание и љубов да се запази стилот и карактерот на специфичниот репертоар. Освен вокално инструментални композиции ќе бидат исполнети и препознатливи бисери на класичната музика напишани за соло гитара“, се посочува кон концертот.

Ана Митоска дипломира соло пеење на ФМУ во класата на проф. Славица Галиќ – Петровска. Бележи настапи во Македонија, Италија, Бугарија и Хрватска. Како солист има остварено соработки со повеќе македонски и европски ансамбли, диригенти и инструменталисти. Работи над една деценија во Македонска опера и балет, настапувајќи на манифестации како Мајски оперски вечери, Охридско и Скопско лето, како и во редовниот репертоар на Операта, во која бележи и концертни солистички настапи со хорот и оркестарот на МОБ.

2 views
bottom of page