(Видео) На Киjану Ривс не му треба ничија помош да најде љубов, вели Сандра Булок
Малку sвезди се доволно самосвесни – или, барем, подготвени – да се потсмеваат со себе. Сепак, Кијану Ривс се чувствува како една од ретките славни личности со јасна визија за тоа кој е тој и која е неговата улога во светот. Можеби затоа фановите на ѕвездата на „Матрикс“ и „Џон Вик“ секогаш сакаат му да бидат стројници.
Покрај тоа што убаво старее и има добар изглед, Ривс зрачи со искрена харизма, коментираат светските таблоиди.
Тој беше гостин во емисија на Елен Деџенерис, кога Елен му рече дека таа требало да ја игра улогата на Сандра Булок во блокбастерот Speed ( „Брзина“). На екранот зад нив се појави измонтиран видеоклип во кој таа го вози автобусот.
Потоа водителката вметна разговор со Сандра Булок во кој актерата откри дека Кијану бил премногу згоден и таа се вљубила во него. На крајот се утврди дека и тој не останал рамнодушен на убавата колешка.