Search
Атракции на плејмејкерот на МЗТ Скопје: Гравет „леташе“ во „Јане Сандански“ (ВИДЕО)
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа првата сезонска победа во домашниот шампионат и тоа против составот на Кожув кого го совладаа со 81-75.
Андрија Бојиќ беше човекот кој беше најпрецизен со 25 поени, но оној кој беше задолжен за атракции беше Хасани Гравет. Плејмејкерот на „металците“ даде два четири поени, меѓутоа истите беа спектакуларни, па така едната соло акција ја заврши со забивања, додека пак другата исто ја заврши на кошот реализирајќи го цепелинот во соработка со Андреј Магдевски.