top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Филм: „Жед“ – македонска приказна

На 6 ноември, од 18 часот, во Кинотека ќе се прикаже македонскиот игран филм „Жед“ во режија на Димитрие Османли, а по сценарио на Живко Чинго.

Жителите на едно село во пасивен македонски крај својата егзистенција ја обезбедуваат со одење на печалба. Во селото работат и живеат три учителки, младите девојки Елица, Марија и Николина, и секоја на свој начин се обидува да му даде смисла на животот кој им е наметнат во оваа средина. Најголем проблем во селото е снабдувањето со вода. Монотонијата на селскиот живот се разбива со доаѓањето на групата рударски инженери кои во планината вршат истражувања. Меѓу нив е и инженерот Виктор, кој го привлекува вниманието на учителката Марија. Таа е во дилема дали да ја прифати можноста да замине со него од селото и коренито да го измени својот живот. Сепак, пресудна е нејзината желба да им се помогне на децата и жителите од селото и таа останува…

Улогите ги толкуваат Неда Спасоевиќ, Сабина Ајрула-Тозија, Јадвига Митревска, Снежана Стамеска, Ацо Јовановски, Павле Вуисиќ, Драги Костовски, Дарко Дамески, Коле Ангеловски.

„Жед“ е втор долгометражен игран филм во продукција на Филмско студио – Скопје и дистрибутерската куќа „Македонија филм“. Еден од најугледните филмски критичари во светот, Роналд Холовеј во специјалното издание на Кинотеката на Македонија на англиски јазик „Kino – Macedonian film“, за „Жед“ оценува дека се работи за „пофален одговор“ на македонската кинематографија на интернационалниот успех на југословенскиот „црн бран“…

4 views
bottom of page