Search
Коронавирусот влезе и во првата екипа на Пелистер, бараат одлoжување на мечот со Шафхаузен
Коронавирусот влезе и во првата екипа на Еурофарм Пелистер, информираше клубот од Битола.
При последното тестирање евидентирани се неколку позитивни тестови на КОВИД-19, поголемиот дел асимптоматски, па поради тоа клубот ги прекина планираните тренинзи и заразените заминаа во изолација.
Со оглед на тоа што ќе има и нови тестови кога ќе се вратат играчите кои имаат репрезентативни обврски, македонскиот прволигаш ќе испрати барање до ЕХФ за одложување на дуелот против Кадетен Шафхаузен во Лига Европа кој е закажан за 17 ноември во 18:45 часот.
Од Пелистер им посакаа брзо закрепнување на заразените и воедно посочија дека за брзо ќе се огласот со следните чекори за обновување на тренинзите.