Во документарец: Досега невидени снимки од принцезата Дајана пред јавноста
Документарен филм, кој содржи досега невидени снимки од принцезата Дајана, ќе биде објавен во 2022 година. Според компаниите Lightbox и Altitude документарецот за прерано починатата принцеза насловен “Дајана“ ќе биде објавен во текот на летото следната година по повод 25-годишнината од нејзината смрт. Филмот, освен во киносалите, ќе има премиера и на HBO и на каналот Sky Documentaries, пишува Variety.
„Дајана“ носи извадоци од вести, но и неколку досега невидени снимки и фотографии од архивите на кралското семејство. Документарецот е во режија на Ед Перкинс, претходно номиниран за Оскар за филмот “Black Sheep” (Црни овци).
„Иако прикажуваме приказна што е раскажана многу пати претходно, мојата цел беше да ја прилагодам на публиката и да ја креирам да изгледа што е можно ‘посвежо’, изјави Перкинс.