top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Брестовац одбра 16 ракометари за пресметката со Финска

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2022 година и тоа со средба против Финска во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.

Истата ќе се одигра без публика поради Ковид кризата, ама без разлика на тоа нашиот национален тим е огромен фаворит за двата бода. Како што е позната репрезентацијата се соочи со одредени проблеми, позитивни тестови на коронавирусот, па така освен неколку членови на стручниот штаб селекторот Данило Брестовац не може да смета ниту на Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

На крајот Брестовац мораше да селектира 16 играчи, па во последното кратење за оваа средба беа „избришани“ уште Марко Кизиќ и Милорад Кукоски.

Средбата е закажана за 20 часот, а истата ќе ја судат Русите Константин Ершов и Антон Пављуков, додека делегат е Марјан Начевски.

1 view
bottom of page