top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

“Боже, колку многу се забавувавме” – Харисон Форд за колегата Шон Конери

“Боже, колку многу се забавувавме. Ако Шон е сега во рајот, се надевам дека таму имаат терени за голф. Почивај во мир, драг пријателе!“, рече Форд во интервју за „Варајети“, одавајќи му почит на својот неодамна починат колега Шон Конери.

Имено, тој се надева дека ако неговиот „драг пријател е во рајот, тој сега игра голф“.

Двајцата заедно глумеа во филмот на Стивен Спилберг – „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, кога сер Шон го толкуваше таткото на главниот лик.

Форд се потсети и дека било вистинско задоволство да се вози со Конери во „руската приколка за мотоцикли што отскокнувала на онаа нерамна, крива планинска патека“.

Пред Форд, и Роберт де Ниро, Кевин Костнер, Мајкл Кејн, Даниел Крејг, Пирс Броснан и многу други се простија од првиот „Џејмс Бонд“, кој викендов почина на 90 год

3 views
bottom of page