top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Скарлет Јохансон се омажи по третпат

Актерката Скарлет Јохансон и нејзиниот свршеник Колин Џост се венчаа минатиот викенд, објавија американските медиуми.

Свеченоста се одржала во кругот на најблиското семејство и пријателите, со почитување на сите мерки за заштита од COVID-19, а желбата на младенците била да им помогнат на постарите загрозени лица во овие тешки моменти.

Хуманитарната организација Meals on Wheels, која им помага на стари лица со обезбедување оброци до нивните домови, потврди дека славната актерка и нејзиниот свршеник се венчале и преку профилот на Instagram објави дека желба на младенците било да им помогнат на постарите луѓе од особено ранливи категории и дека актерката ги повикува обожавателите да донираат во хуманитарната организација.

Портпаролката на Скарлет Јохансон исто така ја потврди веста за венчавката.

Скарлет Јохансон е во врска со сценаристот, актер и комичар Колин Џост од 2017 година, а се свршија во мај 2019 година.

Актерката претходно беше во брак со Рајан Рејнолдс од 2008 до 2011 година и со Ромејн Доријак од 2014 до 2017 година.

3 views
bottom of page