Куман за Сетиен и неговиот заклучок за Меси: Не се согласувам со него, не е тешко…
Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен кој воопшто не се прослави на „Камп Ноу“ пред неколку денови истакна дека воопшто не било лесно да се соработува со првата ѕвезда на клубот Лионел Меси.
Потоа излезе и вест исто поврзана со Сетиен во која говори за одреден конфликт со Аргентинецот кој настанал по ремито со Селта Виго во Примера, реми со кое каталонците едноставно ја загубија битката со Реал Мадрид за лигашката титула.
Околу овие вести свој коментар имаше сегашниот предводник на шпанскиот великан, Роналд Куман кој воопшто не го дели ставот на неговиот шпански колега.
-Ги почитувам сите мислења. За мене Лео е најдобриот играч на светот и гледам амбиција и победнички карактер. Немам проблеми да го водам. Тој е капитен и постојано разговарам со него. Поинаку ги гледам работите од Сетиен и не се согласувам со негово мислење, -порача Роналд во пресрет на дуелот со Динамо Киев во ЛШ.