top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Вардар пријави уште двајца позитивни на КОВИД-19

Екипата на Вардар ги започна подготовките за двата дуели со Кјелце во Лигата на шампионите и тоа со ракометарите кои останаа, поточно не беа повикани за репрезентативните обврски кои се на програмата во наредниов период.

Воедно во таборот на „црвено-црните“ направиле и најново тестирање, а истото покажало дека двајца играчи имале позитивен тест на КОВИД-19.

Играчите кои имаат позитивен тест немале допир со соиграчите, па со оглед на тоа што резултатите пристигнале пред тренингот тие воопшто не се појавиле во сала. Добра вест е што тие немаат симптоми и воедно е познато е дека се заразиле од блиски. Нивниот позитивен тест не е поврзан со претходните два кои се појавија во тимот.

Согласно протоколите тие нема да бидат со екипата, додека пак останатите играчи ќе продолжат да тренираат и се придржуваат до сите дадени препораки од здравствените власти и од клубот.

1 view
bottom of page