top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Промовирана книга за игуменот Бигорски и неговото дело

„Епископ Партениј, 25 години монах и свештенослужител“ е новото книжевно издание на Свештената бигорска обител. Оваа година освен што е еден милениум од основањето на Бигорската свештена обител, истовремено е и 50 години од раѓањето на актуелниот бигорски игумен епископот антаниски г. Партениј и 25 години од неговото замонашување. Така, бигорската манастирска хроника одбележува три јубилеи.

Според промоторот на книгата г. Климент вредноста на книгата е повеќеслојна и може да биде согледувана од повеќе аспекти и во неа се наведени резултатите од неговото делување во реканскиот крај, посведочени низ фотографии и текст.

Од материјалното обновување на манастирот свети Јован Бигорски, Раичкиот метох, но и метосите и скитовите што гравитираат околу манастирот, до обновата на монашкиот живот во истите, како и во манастирите Пречиста Кичевска и Кнежино, возобновувањето на монашките послушанија во овие братства и сестринства, милозвучното источно пеење, грижата за велелепието во богослуженијата, обновата на потиснатите од заборавот традиционални вештини и манастирски техники, па сè до згрижувањето на зависниците и нивна ресоцијализација во општеството.

6 views
bottom of page