top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Времето е пост-апокалиптично, тој е последниот човек на Земјата и умира од рак…

По цели четири години пауза, славниот холивудски актер Џорџ Клуни повторно се најде пред камерите и тоа во филмот “The Midnight Sky” (Небото на полноќ) базиран на книгата “Good Morning, Midnight” (Добро утро, полноќ) од Лили Брукс-Далтон.

Тој е и режисер, а ја има и главната улога во овој филм за кој веќе е објавен и трејлер. Последното филмско остварување во кое 59-годишниот Клуни глумеше е „Игра на пари“, а партнерка му беше Џулија Робертс. Потоа тој го режираше и филмот „Предградие“, глумеше во серијата „Квака 22“, за да се врати оваа година со филмот „Небото на полноќ“, чија премиера филмската публика може да ја очекува во декември на стриминг платформата на Нетфликс.

Во филмот Клуни го игра научникот Аугустин Лофтус, кој се наоѓа во истражувачка станица на Арктикот. Времето е пост-апокалиптично, тој е последниот човек на Земјата, умира и од рак, но открива дека во станицата има девојче кое било шверцувано при последната евакуација. Неговата цел е да го запре враќањето на истражувачкиот вселенски брод од еден од сателитите на Јупитер на планетата Земја, затоа што на Земјата повеќе нема живот.

“Ликот што го играм е стар 70 години. За жал, се приближувам до тој изглед. Отсекогаш изгледав малку постаро, но сега навистина изгледам така. Би рекол -како татко ми, но и татко ми изгледа подобро од мене”, изјави Клуни за Вараети. Овој научно-фантастичен филм Клуни го опишува како мешавина од „Повратникот“ и „Гравитација“. Покрај Клуни, во филмот играат Фелисити Џонс, Дејвид Олејово, Тифани Бун, Кајл Чендлер и Демијан Бичир. Тие се астронаути во истражувачкио вселенски брод, додека девојчето Ирис го игра Каолин Спрингол.

5 views
bottom of page