top of page
Search

Ѓоковиќ го пронајде идниот „светски рекет број еден“: Тој ќе биде лидер на новата генерација

Новак Ѓоковиќ во крајно возбудлив меч спасуваше сет топки против Борна Чориќ, но во свој препознатлив стил се справи со сите потешкотии и потоа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Виена.

Светскиот рекет број еден денеска има слободен ден и дозна дека во четвртфиналето противник ќе му биде Сонего, а мини паузата ја искористи за да даде една интересна изјава за играчите кои се очекува да го наследат тенискиот трон во наредните неколку години.

Повеќе од јасно е дека Доминик Тим е најзрел за освојување грен слем титули откако од врвот ќе паднат Ѓоковиќ, Надал и Федерер, но Новак смета дека од новата генерација на играчи, посебно внимание треба да се обрне на 19-годишниот Италијанец, Јаник Синер.

– Гледам огромен потенцијал кај многу млади играчи. Синер дефинитивно е играч кој има многу силни оружја и поседува голем квалитет. Тој има потенцијал да биде идниот светски број еден, – вели Новак за тенисерот кој загуби од Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос.

– Ќе кажам дека Синер е лидер на оваа млада генерација на играчи во која се и Зверев и Циципас. Ако се биде како што треба, тие ќе бидат најдобрите играчи во светот во годините кои следат, – изјави Ѓоковиќ.

1 view
bottom of page