top of page

Книга: „Див живот“ – за животот, онаков каков што е даден…

Дејството на романот „Див живот“ на Нина Бурауи се случува во Алжир во 1979. Романот е долг монолог на една млада девојка Алија која има 14 години.

„Таа се навраќа на минатата година од нејзиниот живот, една година по исчезнувањето на нејзиниот другар од детството, Сами. За да не го заборави, таа пишува, се навраќа на местата кои ги поврзуваат, случките кои ги поминале во текот на годините. Оваа книга е портрет на една млада девојка која навлегува во периодот на адолесценција, која не се чувствува добро во својата кожа и во своето тело. Ова е израз на голема тага, на голема осаменост, но и визија за светот на возрасните и животот, онаков каков што е даден“, ќе посочат од издавачката куќа Арс Либрис од каде наведуваат дека најчести теми на делата на Бурауи се истребувањето, желбата и пишувањето, а нејзините книги се преведени на повеќе од петнаесет јазици.

 
 
 

Comments


bottom of page