top of page
Search

Дефинитивно „пукна“ љубовта: Кепа наскоро ќе поднесе барање до Челси

Кепа Аризабалага многу скоро по неговиот рекорден трансфер во Челси, вреден 72 милиони фунти ќе побара да си замине од клубот.

Поранешниот голман на Атлетик Билбао ќе поднесе и официјално барање до Челси за да биде ставен на трансфер листа преку која полесно ќе може да пронајде клуб во кој би се преселил во летниот преоден рок.

Аризабалага е посочен како еден од статистички најслабите голмани во Премиер лигата, а Френк Лампард веќе неколку натпревари со ред му дава шанса на искусниот Вили Кабалјеро, додека Кепа останува на клупата за резервни фудбалери.

Кепа не е омилен кај фановите на Челси и поради фактот што минатата сезона дрско одби да излезе од игра на натпреварот против Манчестер Сити кога тогашниот тренер Сари веќе ја имаше подготвено замената.

1 view
bottom of page