top of page
Search

Двајца велосипедисти позитивни на коронавирус, трката околу ОАЕ принудно прекината

Дел од најдобрите светски велосипедисти периодов учествуваа на трката околу Обединетите Арапски Емирати, но истата денеска е принудно прекината поради опасноста од коронавирусот.

Двајца италијански велосипедисти биле позитивни на вирусот, по што организаторот решил да ги заштити останатите учесници и предвреме да ја прекине трката која сега нема да го доживее својот крај.

Во Абу Даби се и ѕвезди од рангот на Крис Фрум и Адам Јејтс, а сега сите велосипедисти се во еден вид карантин во хотелот каде биле сместени и ќе останат таму се додека домаќините не бидат сигурни дека и тие го добиле вирусот од своите колеги.

Трката во ОАЕ е прекината на две етапи до крајот и при водство на Британецот Јејтс од тимот Мичелтон-Скот.

2 views
bottom of page