top of page

„Ареа“, Перо Пандилоски и Јордан Ивановски со химна за КК „Гостивар“

Гостиварските музичари Ружица и Ивица Брчиоски од популарната група „Ареа“, заедно со колегите Перо Пандилоски и Јордан Ивановски (вокалистот на „План Џи“), снимија химна за кошаркарскиот клуб од родниот Гостивар. Музиката и аранжманот се дело на Ивица Брчиоски, а стиховите на Ружица Брчиоска.

По паузата од пет години, ова е втора песна за познатиот бенд кој лани се врати на сцената со темата „Зрак“, како најава за нивниот шести студиски албум. Перо, пак, е актуелен со неодамна објавената „Драма“, која ја наследи минатогодишната „Летна тајна“, па се надеваме дека наскоро ќе има информации и за неговиот деби-албум.

„Од изворот на Вардар до Сува Гора и Шара, една песна се пее, знаме на победа се вее. Градот тебе ти дава сила, градот тебе ти дава крила. Во еден глас, еден здив, навиваме за еден тим! Во еден глас, иста жар навиваме за Гостивар“, пеат Ружица, Перо и Јордан, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 
 
 

Comentarios


bottom of page