„Небо и земја“, нова божиќна песна од македонските пејачи
- Aleksandar Santovski
- Dec 24, 2018
- 1 min read
„Небо и земја“ е насловот на божиќната песна што ја снимија македонските пејачи Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Стефан Филиповски (Некст тајм), Димитар Андоновски, Викторија Лоба и Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“.
„Со моите драги колеги снимавме преубава божиќна песна ’Небо и земја’, за која снимаме спот утре и задутре… Едвај чекам да ја чуете , а без Отец Партениј, Сестра Касијана и браќата и сестрите од Бигорскиот манастир и манастирот во Рајчица немаше да се сплотиме сите за убава цел – да шириме љубов и позитивна енергија пред празниците… Трета година, трета песна… наскоро концерт, на Бадник, 6 јануари да запееме заедно за благословена идна година, пред црквата Свети Димитриј во Скопје“, напиша Ристеска, споделувајќи фотографија на Инстаграм.
Ова е трета божиќна песна од нашата естрада и доаѓа по двете верзии на „Вечниот Бог“, снимени во 2015 и 2017 година.
Comments