top of page

ЗЛАТНА БУБАМАРА: НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА АНСАМБЛОТ „МАЊИФИКО“

Манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ ќе се случува на 20 февруари, а наградата за животно дело ќе му припадне на ансамблот „Мањифико“. Како што вели музичкиот критичар Ванчо Димитров во текот на 31-годишното постоење, вокално-инструменталниот ансамбл настапил во 37 земји на сите континенти, остварил неверојатна бројка од 3.700 концерти и 600 добротворни настапи, кои ги посетиле преку 7 милиони гледачи. „Дискoграфската продукција на ’Мањифико’ е импозантна: 28 мали грамофонски плочи, 5 албуми, 4 аудиокасети, 1 видеокасета, 3 аудио компакт-дискови и 1 DVD, речиси сите продадени во златен или сребрен тираж. Радиостаниците за ’Мањифико’ емитувале 192 емисии, а на 16 ТВ-станици се снимени 140 полчасовни и едночасовни шоу-програми. Нивниот концертен репертоар е составен од 320 песни, најмногу од латиноамериканско и шпанско поднебје, но и од светски евергрини, како и македонски староградски бисери“.

 
 
 

Kommentare


bottom of page