17 животни приказни на жените од Конче в недела ќе бидат раскажани преку фотографии во Домот на културата
07.03.3034 Mart Cetvrtok
В недела во Домот на културата во Конче ќе биде направена прва изложба на фотографии. Изложбата „Руралната жени низ објективот“ преку 19 фотографии ќе раскаже 17 животни приказни на жените од општина Конче. Фотографирани се Фатиме Нанушева, Туркан Абдурахманова, Јулијана Станковиќ, Ѓулдане Хусеин, Ратка Манасиева, Емилија Коцева, Зејнеп Куртова, Герсилда Василева, Фикрије Абдурахманова, Севим Усеинова, Фунда Реџеп, Цана Атанасова, Зорица Атанасова, Николинка Василева, Мелике Абдурахманова, Аслихан Баро, Зора Младенова и Зејнеп Алицова.
Со фотографии од нив авторката Лејла Куртова сака да го скрши стереотипот за руралната жена во нашето општество.
„Фотографиите се доказ дека руралната жена е силна и моќна. Жена што работи со многу труд и креативност, жена што се занимава со земјоделско производство, но во исто време може да биде и претприемач, медицинско лице, учител и сè она што таа ќе посака“, вели авторката Куртова.
Изложбата ќе биде отворена в недела, 10 март, во 13 часот.
Comments