Search
14-годишната Хончан златна во скокови во вода
Кинеската Кван Хончан го освои златниот медал на Олимписките игри во скоковите во вода од 10-метарската платформа. 14-годишното девојче, со сите пет скока, го воодушеви светот, освои најмногу поени и заслужено се искачи на највисокото скалило на пиедесталот. Интересно, сите шест судии нејзиниот втор скок го оценија со десетка. Највисоки оценки доби и за скокот во последната петта серија. Хончан е најмладата во кинеската експедиција во Токио. Веднаш до неа беше сонародничката Јукси Чен, а бронзата ѝ припадна на Австралијката Мелиса Ву.
Comments