„Оскари 2021“: Режисерот Стивен Содерберг ангажиран да ја осмисли церемонијата
- Aleksandar Santovski
- Dec 10, 2020
- 1 min read
10.12.2020 Декември Четврток
Американскиот режисер Стивен Содерберг ќе биде копродуцент на церемонијата „Оскари 2021 година“ за која организаторите велат дека директно ќе одговори на ефектите на ковид-пандемијата. Содерберг е познат по филмовите, како „Ерин Брокович“, „Зараза“ и драмата „Сообраќај“, која му донесе „Оскар“ во 2001 година. Според Академијата, церемонијата во април ќе биде совршена можност за иновации и повторно предвидување на можностите на американското шоу на награди. Содерберг и неговите соработници рекоа дека се воодушевени и преплашени. Тој ќе ја постави церемонијата на 25 април со колегите продуценти Џеси Колинс и Стејси Шер. „Поради необичната ситуација во која се наоѓаме сите, постои можност да се фокусираме на филмовите и на луѓето што ги прават тие филмови на еден нов начин“, велат тие во изјавата. „Се надеваме дека ќе создадеме претстава што ќе ја почувствуваме на ист начин како и филмовите што сите ги сакаме“. Не е познато каква форма ќе има настанот, но Академијата за филмски уметности и науки наводно истражува како би изгледала церемонијата во живо. Неодамнешните церемонии на доделување награди, како и шкотските „Бафти“ минатата недела, се одржаа полувиртуелно во согласност со упатствата за социјално дистанцирање.

Comments