Search


Алек Болдвин со ШОК одлука: Убиството на Халина промени се’
15.04.2026 April Sreda Во гостувањето во подкастот „Awards Chatter“ на „The Hollywood Reporter“, 68-годишниот Алек Болдвин изјави дека сака засекогаш да се пензионира од глумата. Алек Болдвин го објави своето пензионирање од глумата за да се посвети на сопругата и децата, по многу тешката година што следеше по трагедијата на снимањето на филмот „Rust“. Во изминатите четири години, откако снимателката Халина Хачинс беше убиена од пиштолот што го држеше за време на снимањето, а
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read


Прв заеднички концерт на Наум Петрески, Зуица Лазова, Смиља Митревска и Нино Величковски
15.04.2026 April Sreda Во време кога ретко се случува на едно место да се соберат најголемите имиња на македонската народна музика, публиката конечно ќе има можност да доживее вечер за паметење. Под мотото „Сега па којзнае кога пак“, во сабота на 18 април во „Македонско село“ ќе се одржи уникатна музичка вечер што ветува емоции, носталгија и вистинско уживање во безвременските македонски песни. На сцената ќе настапат легендите на домашната фолк сцена – Наум Петрески, Зуица Л
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read


Мадона најави нов албум
15.04.2026 April Sreda Поп-ѕвездата Мадона денес објави дека на 3 јули оваа година ќе издаде нов албум наречен „Confessions on a Dance Floor: Part II“ за Warner Records. Во официјалното соопштение за медиумите, Мадона изјави дека новиот албум е „посветен на славење на играта и нашите тела“. „Подот за танцување е ритуален простор. Тоа е место каде што се поврзувате со вашите рани, со вашата кршливост. Рејвот е уметност. Станува збор за поместување на вашите граници и поврзувањ
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read


Бруно Марс е новиот крал на Лас Вегас
15.04.2026 April Sreda Лас Вегас — Возејќи се по Лас Вегас Стрип во розов ниско-рајдер со две шоугерли покрај себе, Бруно Марс беше прогласен за „нов крал на Лас Вегас“ во петокот. Градот му оддаде почит на Марс, кој стана еден од иконските изведувачи на Син Сити, со парада и именување улица „Бруно Марс Драјв“. Официјалните лица го прогласија петокот за „Ден на Бруно Марс“ за Марс, кој ја започнува својата глобална романтична турнеја во Лас Вегас на стадионот Алегиант. „Тоа е
Aleksandar Santovski
Apr 162 min read


Том Круз снима со оскаровецот Ињариту: Ми требаа 40 години за да ја одглумам оваа улога фото и видео
15.04.2026 April Sreda Лас Вегас – Том Круз во вторникот на конвенцијата CinemaCon во Лас Вегас изјави дека му биле потребни 40 години актерско искуство за да го достигне нивото каде што може да го игра ексцентричниот нафтен тајкун, главниот лик од црната комедија „Дигер“. Том Круз ги покажа првите снимки од новиот филм, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту. „Ми требаа 40 години за да се ставам во кожата на Дигер Роквел и да играм толку сложен лик“, рече Круз. Снимките го
Aleksandar Santovski
Apr 162 min read


Над 60 македонски уметници дел од „Мјуз-Екс Експо фестивал“ во Тирана
15.04.2026 April Sreda На свеченото отворање на 17 април ќе биде изведен 40-минутен сценско-визуелен перформанс на истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и Камерниот оркестар ПрофундисМакедонската култура ќе биде претставена во полн сјај на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), кој ќе се одржи од 17 до 19 април во Тирана, Албанија. Фестивалот, кој има изразен интернационален карактер, ќе обедини уметници
Aleksandar Santovski
Apr 163 min read


Промоција на романот „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева
15.04.2026 April Sreda Промоцијата на романот „Зара Зарина“ од Лилјана Пандева во издание на „ПНВ Публикации“ ќе се одржи денеска во 19 часот во Салон Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје. „Зара Зарина“ низ испреплетување на минатото и иднината ја раскажува судбината на главниот лик и нејзините родители, допирајќи ги националните, религиозните, традиционалните и современите идентитети. Романот започнува во Кабул и се развива во повеќе правци, опфаќајќи го вр
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read


Пристапно предавање на новоизбраниот дописен член Ивица Џепароски во МАНУ
15.04.026 April Sreda Македонската академија на науките и уметностите кани на пристапно предавање на новoизбраниот дописен член на академијата, проф.д-р Ивица (Иван) Џепароски, на тема „Уметноста и институционалната теорија на уметноста“. Предавањето ќе се одржи во амфитетатарот на МАНУ, денес, 15 април, во 12 часот. Пригодна реч ќе одржи акад. Влада Урошевиќ. Пригодна реч ќе одржи акад. Влада Урошевиќ.
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read


Од денес, „Априлско разлистување“ во „Матица“ – попусти до 80 проценти
15.04.2026 April Sreda Денес, првата издавачка куќа во самостојна Македонија, „Матица македонска“ почнува нова акција за поголема достапност на книгите до читателите – „Априлско размистување“. Со попусти до 80 проценти, во книжарницата на „Матица“ и онлајн , о д денес, достапни се над 300 наслови, меѓу кои и најбараните книги последниве години, нови наслови во превод на македонски јазик што важат за дел од највредното во книжевната продукција во светот, книги од македонски
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read


Шпанскиот филм „Глуви“ ја доби наградата LUX на Европскиот парламент за 2026 фото и видео
15.04.2026 April Sreda Сорда (Глуви) од Ева Либертад е добитник на наградата LUX од публиката на Европскиот парламент, избрана од европски граѓани и членови на Европскиот парламент. Одлуката ја објави во вторник потпретседателката на Парламентот, Сабин Верхејен, во Брисел. Филмот, еден од омилените филмови на Euronews Culture за 2025 година, беше избран меѓу четирите натпреварувачи, „Беше само случајно“, „Кристи“, „Сентиментална вредност“ (Affeksjonsverd) и „Сакај ме нежно“.
Aleksandar Santovski
Apr 163 min read


Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути, еве ја целата програма
15.04.2026 April Sreda Билетите за отворањето на 54. Издание на Мајските оперски вечери, кое ќе се одржи на 9 мај, 2026 година се распродадоа за само 30 минути, потврдувајќи го огромниот интерес и најавувајќи издание што веќе се смета за едно од најважните досега, велат од НОБ. Овогодишното издание носи репертоар што ја поврзува традицијата со современата уметничка визија. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката емоција на „Мадам Батерфл
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read


„Гоце Делчев: Љубов и смрт“ од Зоран Спасов Ѕоф доаѓа на 23 април
15.04.2026 April Sreda По романите за Тито и Сирма, од популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф, пристигнува нова историска фикција – роман за Гоце Делчев. Новата книга „Гоце Делчев: Љубов и смрт“, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде ексклузивно претставена на отворањето на претстојниот Саем на книгата, на 23 април (четврток), во 18 часот. „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ е роман за еден човек — и за времето што не знаело како да го задржи. Гоце Делч
Aleksandar Santovski
Apr 162 min read


Изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели по Загреб, продолжува во Белград
15.04.2026 April Sreda Изложбата „Архивски документи“ е прво самостојно претставување на Вангели пред српската публика и содржи 41 дело во техника плотер принт и аудио материјали Изложбата „Архивски документи“ на ликовната уметница Жанета Вангели во македонскиот Културно информативен центар во Белград е продолжение на програмските активности на Националната галерија за 2026 година. По нејзиното претставување во македонскиот КИЦ во Загреб минатиот месец, овој проект ќе биде
Aleksandar Santovski
Apr 162 min read


Гала вечер во МНТ со настап на ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов и финалистите за престој во Париз
15.04.2026 April Sreda Францускиот институт во Скопје и „Танц фест”, по повод отворањето на 22. издание на „Танц фест” и воспоставувањето на првото издание на наградата „Роксан Стојанов“, организираат ексклузивната гала вечер со настапот на ѕвездата на Париската опера, Роксан Стојанов, во сабота, 18 април 2026, во 20 часот, во МНТ. Натпреварот за наградата „Роксан Стојанов“, со учество на сите 13 учесници, ќе одржи истиот ден, в сабота 18 април, претпладнето, во МНТ. Жири-ком
Aleksandar Santovski
Apr 162 min read


Киното „Милениум“ ќе се отвори во септември со помош на МАТТО
15.04.2026 April Sreda „Сакам да истакнам, ексклузивно, дека преку Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО) се обезбедува проектот за Градското кино. Веќе сме во постапка. Имаме посебни средства од буџетот на Градот Скопје. Мислам дека е распишана тендерската постапка, ако не се лажам, или ќе биде во наредниве денови, за реконструкција на културни објекти. Еден од тие ќе биде и киното „Милениум“, кое што се надевам дека до септември ќе биде ставено во функција. Тоа е
Aleksandar Santovski
Apr 161 min read




