Search


„Пеев, патував, пливав и се смеев“ – порака од Рики Мартин до хрватската публика
23.06.2026 Juni Vtornik Рики Мартин по концертот во распродадената Арена во Пула им се заблагодари на обожавателите во Хрватска со објава на социјалните мрежи. „Пеев, патував, шетав, пливав, се смеев и направив селфи во огледало што испадна одлично… Ќе го повторам тоа. Неделата беше неверојатна“, напиша пејачот, додавајќи порака: „Благодарам, Хрватска“. На концертот, Мартин ги изведе своите најголеми хитови, меѓу кои и Livin’ la Vida Loca и Maria, а илјадници посетители во те
Aleksandar Santovski
Jun 231 min read


Род Стјуарт колабира на сцена, концертот го доврши седејќи на столче
23.06.2026 juni vtornik Британскиот рок-музичар, Род Стјуарт, мораше накратко да го прекине концертот во Јута минатиот петок откако му се слошило на сцената. Осумдесет и едногодишниот музичар зад сцената примил кислород, по што се вратил пред публиката и го довршил настапот седејќи на столче. Инцидентот се случил во амфитеатарот Utah First Credit Union Amphitheatre во Вест Вали Сити. Според порталот „ТМЗ“, Стјуарт за време на настапот изгледал видно исцрпено и се превиткувал
Aleksandar Santovski
Jun 232 min read


Вчера се отвори 47. издание на Скопско лето
23.06.2026 Juni Vtornik Вчеравечер свечено се отвори 47-мото издание на фестивалот „Скопско лето“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје. Вчерашното отворање почна со изложба „75 години Државен архив на Република Северна Македонија“ со наслов „Ризница на постоењето – од документ до историја“, која е подготвена по повод 75 години постоење на оваа значајна институција, јубилеј кој се одбележува во 2026 година. Изложбата ги опфаќа најзначајните документ
Aleksandar Santovski
Jun 232 min read


„Љубојна“ ќе го отвори „Кривопаланечко културно лето 2026“
23.06.2026 Juni vtornik На 24 јуни, Крива Паланка свечено ќе го означи почетокот на „Кривопаланечко културно лето 2026“, манифестација која и оваа година носи богата програма исполнета со музика, уметност, традиција и современо творештво. Во текот на летните месеци, градот ќе пулсира во ритамот на повеќе од 60 културни и забавни настани: концерти, театарски претстави, изложби, фестивали, детски содржини, креативни работилници и традиционални манифестации кои ќе понудат незабо
Aleksandar Santovski
Jun 231 min read


Детското игралиште „Патрик“ мета на вандализам: градоначалникот на Аеродром вели дека нема да дозволи уништување на јавното добро
23.06.2026 Juni Vtornik По синоќешниот немил настан што предизвика големо внимание во јавноста, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, изврши увид на детското игралиште „Патрик“, кое беше вандализирано и сериозно оштетено од група млади лица, информираат од општината. Станува збор за, како што велат од таму, за едно од најубаво уредените детски катчиња во Општина Аеродром. „Простор создаден за игра, дружење и безгрижно детство. За жал, токму ова место вче
Aleksandar Santovski
Jun 232 min read


Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата
23.06.2026 Juni Vtornik Мотото на годинашното 65 издание е „Каде што живее поeзијата“ Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“. Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридскот
Aleksandar Santovski
Jun 232 min read


„Венценосци: разговори на брегот“ – новата книга на Диме Ратајкоски ќе се промовира на СВП
23.06.2026 juni vtornik Книга создадена од средбите, разговорите и пријателствата со големите поетски гласови кои низ годините беа дел од Струга По повеќе од една деценија помината покрај микрофоните, камерите и сцените на Струшките вечери на поезијата, годинава со особена радост, фестивалски, ќе се промовира најновата книга на Диме Ратајкоски „Венценосци: разговори на брегот“, книга создадена од средбите, разговорите и пријателствата со големите поетски гласови кои низ годин
Aleksandar Santovski
Jun 232 min read


Читам, значи патувам: Летен фестивал на книгата во „Три“
23.06.2026 juni Vtornik Каде или со кои книги ќе патуваме летово? Што ако годинава не мораш да бираш меѓу место и книги? Сo Летниот фестивал на книгата во ТРИ: да читаш значи да патуваш. Затоа, покрај нови наслови, свежи неделни препораки и понуди, ти издава и читателски пасош! Пополнувањето на пасошот е твојот нов читателски предизвик и е многу едноставно: колку повеќе читаш, толку повеќе печати добиваш. Тоа значи патешествие полно со изненадувања, па освен печати, ти пода
Aleksandar Santovski
Jun 231 min read


Цуцковски на панел за културна дипломатија во Белград: „Охридско лето“ е значаен промотор на државата
23.06.2026 juni vtornik Културната дипломатија се заснова на идејата дека културата може да создаде меѓусебно разбирање и доверба меѓу народите Директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, учествуваше како говорник на панел-дискусијата посветена на културната дипломатија, која се одржа во Палата Србија во Белград. На настанот присуствуваше и премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, заедно со бројни претставници на дипломатскиот, културниот и академс
Aleksandar Santovski
Jun 233 min read


„Протерани од рајот“ – џез концерт со Георги Шарески и Џијан Емин во Сули ан
23.06.2026 juni vtornik Џез концерт „Протерани од рајот“ на кој ќе настапат Георги Шарески и Џијан Емин ќе се одржи вечерва во 20 часот во „Сули ан“ во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Емин и Шарески ќе изведат заеднички концертен проект што ги спојува современиот џез, импровизацијата и авторскиот музички израз. – Концертот се развива како музички и авторски дијалог помеѓу два различни музички изрази, низ слободна комуникација, импровизација и заедничко созд
Aleksandar Santovski
Jun 231 min read


„Моменти против времето“ – фотоизложба на осум автори од Хрватска во „Галерија Рудиќ“
22.06.2026 juni Ponedelnik Во Галерија Рудиќ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на осум фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. – Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото проширување на реалноста. Фото
Aleksandar Santovski
Jun 221 min read


Kамерен концерт „Musica Sacra Barocca“ во рамки на „Скопско лето“
22.06.2026 juni Ponedelnik На програмата на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, вечер со почеток во 20:30 часот во Католичката катедрална парохија „Пресвето срце исусово“, ќе се одржи камерен концерт насловен „Musica Sacra Barocca“. Изведувачи се Дубровничкиот гудачки квартет – Слободан Бегиќ – виолина, Кармен Бегиќ – виолина, Ива Нодило – виолончело, Анте Блажевиќ – оргули, а солисти се Ања Папа Перановиќ – сопран и Берислав Јерковиќ – баритон, соопштија денеска од Дир
Aleksandar Santovski
Jun 222 min read


„Матица македонска“ ја почнува летната акција „Со книга на плажа“
22.06.2026 juni Ponedelnik Од денес, „Матица македонска“ ја почнува летната акција „Со книга на плажа“, годинава под слоганот „Лето создадено од приказни“. Акцијата ќе се одвива во книжарниците на „Матица македонска“ и онлајн, преку „Клуб Матица“, со специјални летни цени за внимателно избран избор на книги.Во годината кога „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, „Со книга на плажа“ е уште една покана до читателите летото да го поминат со добра книга – на плажа, на
Aleksandar Santovski
Jun 222 min read


Книжевната трилогија на Валентин Нешоски промовирана во стариот турски затвор во Кратово
22.06.2026 juni Ponedelnik Во Кратово викендов се одржа културно настан во организација на „Кратовски книжевен центар“ кој на публиката ѝ понуди вечер исполнета со литература, музика и интелектуална дебата. Објектот на стариот турски затвор во Кратово, со својата автентичност, историска тежина и специфична енергија, создаде речиси магична атмосфера која совршено се вклопи со концептот на вечерта и тематските универзуми што ги отвора творештвото на Нешовски. Посебна магија на
Aleksandar Santovski
Jun 224 min read


Данскиот кинематографер Дан Лаустсен лауреат на “Златна камера 300 “ на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
22.06.2026 juni Ponedelnik Глобалниот успех на Лаустсен, визуелниот гениј на Холивуд, во голема мера е резултат на неговите долгогодишни партнерства со истакнати холивудски автори, како: Гиљермо дел Торо и Чад Стахелски Годинашното 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи во Битола од 19-25 септември, а лауреат на наградата Златна камера 300 е данскиот кинематографер Дан Лаустсен, соопшти денеска директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. -Од 19 до 25 септември, Бито
Aleksandar Santovski
Jun 223 min read




